Со цел памет пропагираат да не се мешала политика во трагедијата

Полудувам од бес како секој оној што не го пореметила вмровската центрифуга!

 

Идиоти едни ненормални, со цел памет пропагираат да не се мешала политика во трагедијата! А што да мешаме! Да замешаме на народно што си брчи на телевизија додека расте бројката на жртви!

Да не спомнуваме дека тие што ви ја водат сектата ваша проклета, набавуваат водени топови, наместо пожарникарски возила! Дека во институциите во кои се напикавте никој не се јавува на телефон, дури и кога се работи за живот или смрт!

Дека се’ што изградивте е фушерај и криминал кој го плаќаме и со кредити и со крв! Дека се’ неспособно ставивте на позиција само за да зема плата и да служи на партијата! Дека шансите да умреш на раѓање од инфекција се еднакви на шансите да се удавиш зашто нема канализација! Дека плаќаме даноци, дека имаме илјадници припадници на служби, управи, тела, штабови… за што?

За да се мобилизираат во секунда за одење на контрапротести, митинзи, само не за тоа што ги плаќаме!

Дека газот на тој ненормалниот треба да седи на шесто илјади евра, додека човечкиот живот е сведен на нула!

И се додека свесно останувате слепи, и барате кривец во судбина, хаарпот, господ, наместо во оние што за десет години разорија се што дотогаш постоеше и не изградија ништо ново корисно за опстанокот и заштитата на луѓето, вие сте соучесници на УБИЈЦИ!

Павлина Симоновска – Фејсбук статус

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести