Андреја – синот на починатиот музичар Владимир Блажев славеше полуматура.
Неговата мајка Маја Блажев, исполнета со емоции поради отсуството на прерано починатиот Панчо на социјалните мрежи сподели фотографија со својот син и испрати порака:
„Едно поглавје завршено, само жалам што не сме сите на број. Оној најбитниот ни фали, но животот продолжува, сине. Ти посакувам успеси на секое поле, да си жив и здрав, твојот успех е и мој“.
Maja му порача на Андреја секогаш да остане насмеан и позитивен.
„Биди ми секогаш насмеан и позитивен, а пред сè човек со големо срце за секого. Твојата добрина е одлика на нашето воспитување. Те сакам со цело срце, твоја мама“, стои во објавата.
Голем гест за младиот Андреја направи и долгогодишниот пријател на Панчо – кошаркарскиот ас Перо Антиќ кој со својот кабриолет го однесе полуматурантот на забавата.

Извор – Фокус


