Целосно го поддржувам протестот на работниците и Сојузот на синдикатите во борбата за достоинствени плати.
Граѓаните живеат сè потешко. Инфлацијата и зголемените цени го јадат животниот стандард, а платите не го следат растот на трошоците.
Затоа барањата за зголемување на минималната плата на 600 евра се оправдани и неопходни, напиша Спасовски.
СДСМ и како опозиција стои цврсто зад работниците.
Предложивме закон за зголемување на минималната плата и поднесовме конкретни законски решенија и амандмани за покачување на платите во различни сектори, но власта ги одби.
За време на нашето владеење покажавме дека може поинаку – минималната плата ја зголемивме од 8.000 на над 20.000 денари, а просечната плата од 22.000 на над 42.000 денари.
Обврска на секоја влада е да обезбеди достоинствени плати и сигурна иднина за работниците, објави на социјланите мрежи Оливер Спасовски..


