Дозволете ми да упатам искрени честитки по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Соединетите Американски Држави и Република Северна Македонија, кога на денешен ден 13 септември, 1995 година беше објавена кореспонденцијата меѓу тогашните претседатели Клинтон и Глигоров.
Во изминатите три децении, нашите односи се развиваа во духот на заемна почит, партнерство и заеднички стремеж кон демократски вредности, стабилност и просперитет. САД беа и остануваат значаен стратегиски партнер на нашата земја – поддржувајќи го нашиот пат кон евроатлантските интеграции, развојот на институциите и градењето на демократско општество, потенцираше Спасовски.

Убеден сум дека ова јубилејно одбележување претставува нов поттик за понатамошно продлабочување на соработката во сите области од заеднички интерес – безбедноста и борбата против тероризмот и сите закани за мирот во слободниот свет, како и унапредување на економијата, енергијата, образованието и културата.
Нека оваа годишнина биде симбол на пријателството и заедничката визија за иднината, со надеж дека во наредните децении нашето партнерство ќе стане уште посилно и поуспешно, напиша на социјалните мрежи Оливер Спасовски.


