Спасовски: Нашите информации зборуваат дека Сашо Мијалков е во државата

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи денеска на прес-конференција денеска ја објасни хронологијата на „исчезнувањето“ на Сашо Мијалков. Тој напомена дека секој кој не постапил соодветно, треба да понесе одговорност.

Спасовски најпрво ги демантираше сите шпекулации околу некаков политички договор.

„Да ги демантирам сите шпекулации околи некакви политички договори. МВР активно работи на пронаоѓање на лицето и излегување на лицето на правдата“, рече Спасовски кој потоа ја објасни хронологијата на настаните околу Сашо Мијалков.

Спасовски напомена дека МВР постапило по насоките веднаш по добивањето на информациите.

„Во текот на вчерашниот ден извршен е информативен разговор со 10 лица, а во текот на денешниот ден продолжуваме со сите расположливи мерки за наоѓање на лицето. МВР ќе продолжи со сите средства да трага по бегалецот. Сите надлежни институции имаме обврска  да го лоцираме. Целата држава го очекуваше ова детално објаснување, и ги охрабрувам ЈО и Судот да дадат јавни одговори на сите случаи. Ваквите ситуации ја рушат довербата во системот. За оние кои не постапиле соодветно, одговорност мора да има. Правда мора да има, и таа ќе се обезбеди преку фуинкционирање на институциите, постапување брзо и ефикасно, и превземање на предвремени мерки, за да не доаѓаме до вакви случаи.“, рече Спасовски и додаде дека според информациите на службите и последните сознанија, Сашо Мијалков е во државата и се превземаат сите мерки да биде приведен.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести