Почитувани дами, Осми Март, Меѓународниот Ден на жените, не е само ден на цвеќе и подароци, туку ден кога ја славиме женската сила, истрајност и придонес во сите сфери на општеството. Тоа е ден кога се потсетуваме на борбата за еднаквост, правда и мир – вредности за кои сите заедно треба да се залагаме, секој ден, во секој дом, на секое работно место и во секоја институција.
Жените отсекогаш биле двигател на позитивни промени, инспирација за нови генерации и основа на секое силно и праведно општество.
Ако сакаме да изградиме европско општество, треба да направиме повеќе за еднакви можности на жените и мажите, да ја забрзаме промената и да ја оставиме нееднаквоста и дискриминацијата зад нас.
Затоа, денес, но и секој друг ден, да останеме исправени заедно – во борбата за еднаквост, правда и мир. Само така ќе изградиме подобро утре за сите нас.
Среќен 8 Март!
Исправени заедно за еднаквост, правда и мир, напиша на социјалните мрежи пратеникот Оливер Спасовски.


