По пријава во полицијата во Битола дека на 02.01.2014 година околу 16,30 часот, во едно од битолските села, непознато лице се обидувало да изврши самоубиство со бесење, надлежните лица веднаш излегле на терен.
Тие го затекнале 65 годишниот маж кој се обидувал да се обеси. Во еден момент еден од полициските службеници без да биде забележан од несреќниот човек се качил на терасата, го фатил и го пресекол кабелот при што истиот е симнат од терасата и со возило на Итна медицинска помош е однесен во Клиничка болница Битола, каде е задржан на лекување.
]]>


