Со внимание го проследив и пресот на Груевски. Вистински можеш да ги предвидиш идните чекори на политичкиот конкурент, само ако точно знаеш што прави. Груевски ноќва, блед, испотен, со чуден замаглен поглед, несигурен, со наведната глава, повеќе уплашен одамна не ми се видел. Но спремен на се, за да ги оневозможи промените кои треба да следат до 5-ти јуни. Со иронично-цинична насмевка спомена за прочистен избирачки список и договор за медиуми. Кажа со кои се услови зададени на странците се согласил на поместен датум. Чинам на моменти заканувачки пораки имаше во гласот.
Спремни да бидеме на сите сценарија, на овие режисери, никој не им е равен за ујдурми и заобиколувања на правдата. Многу енергија треба од СЈО од цела опозиција, од цел слободомислечки свет, од невладинот сектр од граѓаните од сите етнички заедници, затоа што само сплотени можеме да го победиме ова зло. Реално, говорот убаво му го напишале, само за жал што е невистинит и далеку од реалноста.
За само три месеци имаме куп работа за да бидат остварени барем дел од потребните промени. Институциите се сеуште под нивна контрола, режим устоличен една деценија во кратко време не се отштрафува. Ама можеме, мораме и знаеме како да се избориме за подобро утре. Македонија тоа го заслужува.
Фејсбук статус на Наташа Струмениковска


