Србија ќе добие една милијарда долари најповолни кредити од Кина

Србија успеа да добие една милијарда од вкупно три милијарди долари кредити по најповолни услови, кои Кина ги намени за 16 земји од централна и источна Европа, изјави денеска српскиот министер за сообраќај Александар Антиќ.

Тој истакна дека еден дел од овие средства ќе бидат употребени за изградба на автопатот Белград-Чачак, а вториот дел за нов блок во термоелектраната „Костолац Б“ и за проекти во енергетски комплекс.

– Тоа е голем успех и за Србија како општество, бидејќи покажа дека има добри и адекватни проекти, нагласи министерот по потпишувањето на договорот вреден 700 милиони долари за проектот во Костолац.

Антиќ, кој е координатор на Србија за меѓународна соработка меѓу Кина и 16 земји од централна и источна Европа, додаде дека Пекинг планирал да пласира 10 милијарди долари кредити за инфраструктурни проекти во овие региони.

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести