„На маргините на Вонредниот Самит на НАТО се сретнав со колегата Петков. Взаемно изразивме задоволство од динамиката на билатералната соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија преку работните групи кои се остваруваат во тековниот период, како и од потпишаните договори и меморандуми за соработка во повеќе области од заеднички интерес“, напиша на Фејсбук премиеот Димитар Ковачевски.
Тој додаде дека заедно со Петков оцениле дека се направени сериозни чекори напред и со целосното усогласување на надворешната и безбедносната политика на Северна Македонија со политиките на ЕУ.
„Имаме причини за оптимизам од унапредувањето на соработката меѓу двете земји со што се забрзува процесот на европска интеграција на Северна Македонија“, напиша Ковачевски.