Средовечни двојки од целиот свет се упатија кон Лозово за да се (од)земат

Феноменалната субвенција во пари и алкохол што за возрасни парови ја дава општина Лозово не остана незабележана во светот. Оваа поволност одлучија да ја искористат стотици вљубени средовечни новопечени мажи и жени, а според информациите на „Коза ностра“ уште илјадници се на пат кон Лозово.

– Овде е прекрасно. Субвенцијата е топ, човече, ракијава ви е џам, мислам, значи топ… Чекај ме до ве-це не оди нигде… (По пет минути) Шо ти зборев. Значи, со госпоѓава се знаеме неколку дена,но си викаме ај па шо, ќе опнеме една свадба и така кај нас сега е темница, ко ќе се раздени веќе ќе си бидеме разведени – вели еден 47-годишен младоженец од Норвешка.

Градоначалникот на Лозово е презадоволен од одзивот на субвенцијата во светот, очекува сличен ефект и кај македонските жители на оваа општина.

Предупредување: Ова е измислена вест и не треба да се сфати сериозно.

]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести