Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово околу 5 часот на автопатот 53 во Унгарија кога се превртел автобус кој превезувал туристи од Србија.
Од засега непознти причини автобусот со 55 патници и двајца возачи преминал на спротивната лента на два километри од местото Кишкунхалас и потоа се превртел. Унгарските медиуми соопштуваат дека 15 од патниците се повредени од кои 12 се веќе во болница.
Дел од нив биле извадени од автобусот со интервенција на противпожарната служба.


