ССМ утре на протест за зголемување на минималната плата

Со почеток од 12 часот и пет минути, утре 300 членови на највисокото раководство на Сојузот на синдикатите на Македонија и на синдикатите на ССМ, ќе ja отворат јавната седница пред Работничкиот дом, која ќе продолжи пред Собранието, па пред Стопанската комора, а ќe заврши пред влада, соопшти претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. На овој начин, синдикалците ќе го изразат своето незадоволството од ниските плати и ќе побараат 500 евра да биде минималната плата.

„Ќе завршиме пред владата, каде ќе им порачаме на владините функционери дека не може да се одлучува за работниците без работниците. Тоа што утре ќе го изразиме на јавната седница на органите и телата на ССМ, ќе значи дека политиките кои ги водат креаторите на политики се во погрешна насока и се на штета на работниците, односно дека не ги зголемуваат платите за да овозможат достоинствен живот и достоинствени плати на работниците, токму од оние од кои тие земаат плата“, вели Трендафилов.

Од ВМРО ДПМНЕ и денеска упатија обвинувања до раководните лица на ССМ, дека земале плати и од 80.000 денари. Платата на Пешевски, кој деновиве глуми загрижен синдикалец е 3 пати поголема од минималната рекоа од владејачката партија.

„Додека ги лаже работниците со минималец, Иван Пешевски, за 4 месеци заработува што тие за цела година. Но тука не застанува лицемерието на Иван Пешевски, тој во 2024 и првите два месеци од 2025 година остварил и приходи по други основи со договори на дело и заедно со плата инкасирал 1.3 милиони денари“, рече Влентин Манасиевски, член на ЦКЈ на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата ги поддржа барањата на синдикалците за зголемување на минималната плата.

Извор – Алсат

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести