Станоев осуден на 40 години затвор за трократното убиство

Четириесет години вкупна затворска казна доби Тони Станоев од Кавадарци за трократното убиство.

На 9 ноември минатата година, тој со пиштол ги уби мајката, таткото и сестрата на неговата сопруга. По извршеното убиство тој се даде во бегство, но полицијата го упаси два дена подоцна на гробиштата во Кавадарци.

Иако, обвинителството бараше доживотна казна затвор за Станоев, но судот ја донесе оваа одлука, за која најреволтирана е поранешната сопруга на Станоев.

Таа смета дека Станоев по 10 години ќе излезе од затвор и ќе шета како слободен човек.

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести