Стивен Џерард уште еднаш ја докажа својата човечка големина

Стивен Џерард, капитенот на англискиот премиерлигаш Ливерпул, уште еднаш ја докажа својата големина не само како фудбалер, туку и како обичен човек. Во пресрет на вечерашното градско дерби против Евертон, Џерард донира 117.000 евра на здружението кое ги подржува семејствата на навивачите кои настрадаат „Хилсбороу’’.

Имено, оваа организација со години се обидува да открие позадината на немилиот настан кој се случи на дуелот меѓу Ливерпул и Нотингем Форест одигран на 15 април 1989 година. Тогаш на стадионот „Хилсбороу’’ во Шефилд загинаа 96 лица, а повредени беа 766.

– Цел ми е да го искажам моето жалење и сочуство. Знам дека вечерва на трибините ќе има скандирања, но за мене навивачите на Евертон се навистина големи по „Хилсбороу’’. Важно е да се испрати оваа порака пред вечерашното дерби, изјави Џерард.

Емотивно капитенот на Ливерпул, Џерард и покрај големото ривалство со Евертон ја искажа својата благодарност кон противничките навивачи истакнувајќи дека кога ќе се случи така голема трагедија, се случуваат и емотивни моменти.

– Тоа се работи кои не обединуваат и затоа не чинат горди што сме дел од овој посебен град. Голема благодарност до сите навивачи на Евертон, на нивната поддршка која ни ја даваат од тој момент. Ова го кажувам во мое име, но и во име на сите навивачи на Ливерпул, додаде Џерард.

]]>

Најчитани вести