Струмениковска: ПЕНЗИОНЕРИТЕ, нашата иднина

Во Македонија има 300.047 пензионери. Тоа се луѓето кои ја граделе оваа наша татковина, кои изработиле цел свој работен век, заслужиле почит, а сега наместо да имаат мирна старост, издржуваат или помагаат деца и внуци финансиски да опстојат. И треба да се задолжуваат за да преживуваат. А паметат овие возрасни луѓе и поубави и посреќни времиња од денешните, и неспокојни се поради се што се случува денес.

Токму тие, ПЕНЗИОНЕРИТЕ, ќе одлучат кој ќе ја води Државата, после наредните избори. Тие се најбројни, најредовни гласачи се, први дотерани одат на гласање, сите се тука во Македонија, ретко се иселуваат, гледаат телевизија, а ретко користат интернет, можете да ги залажувате со покачени пензии ако сте на власт, а цените на сметки, храна, лекови десетоструко им ги зголемувате, и мислите не го гледаат тоа. Ама медиумски им се продава шарена приказна за розова стварност, токму ним, додека се заплашуваат дека нема да им се исплатат пензии, доколку не се задолжи нашата мила предбанкротирана држава. Е, токму ним, на пензионерите, најмилите, внуците и децата им ја земаат душата, приморувајќи ги да гласаат различно од идеолошките убедувања, токму нивните блиски, штотуку вработени или идни на список за вработување, за да го дадат својот скапоцен изборен глас за властодршците.

Пензионерите се лојални, живееле во општество во кое дадениот збор бил ветување, и да повторам, најлесно може да бидат изманипулирани со партиските телевизиски медиуми,немајќи можност да ја видат вистината. Но, на оваа категорија граѓани, ни скијање, ни бањи им се битни, добро, дрва им давате на рати и автобусите ги користат, само немојте да ги заплашувате и уценувате со иднината на нивните деца и внуци, со егзистенцијата и стравот дека нивните најмили го напуштиле или планираат да го напуштат своето родно огниште. Тоа е како да сте им ги одзеле очите. Паметете ми го зборот, водата спие, пропагандата не спие. Избори се ближат. Да бидеме внимателни на ова сите ние.

Фејсбук статус на Наташа Струмениковска

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести