Судењето за убиството на струмичанецот Ристо Илјашев, чие тело беше пронајдено во буре, е при крај. За ова дело обвинет е Марјан Велев од Струмица, кој судот ќе го сослушува утре, а наредниот понеделник, на 27 јануари, се очекува и пресудата. Ристо Илјашев од Струмица беше пријавен за исчезнат на седми мај минатата година (2019). Според Обвинителството, осомничениот на 7.05 се понудил да го превезе Илјашев со својот автомобил „фиат пунто“. Од тој момент на Илјашев му се губи секаква трага и тој повеќе од еден месец се водеше како исчезнато лице. Неговото тело беше пронајдено во метално буре, потопено во вештачкото езеро „Турија“ кај Струмица. ]]>


