Дванаесетото коло на првата општинска лига во Лазаревац, ќе биде запаметоно по еден спортски инцидент направен од судијата на натпреварот.
Главната улога ја има Марко Јаковљевиќ ( главниот судија ), Ѓорѓе Јанковиќ ( фудбалер ) и Милош Павловиќ (помошник на судијата).
Играчот од домаќините и помошникот судија започнале вербална конфронтација, која на крајот морал да ја реши главниот делител на правдата. Прво покажал црвен картон за играчот Јанковиќ, а веднаш потоа уште еден црвен картон за неговиот помошник .
Како што изјавил Јаковљевиќ, во неофицијален разговор со медиумите, тој сакал да спречи поголем инцидент, затоа што проценил дека физичкиот конфликт ќе продолжел со поголем интензитет, ако не ги „изладил“ и двајцата.
Како според прописите се дозволува ваква одлика на главниот судија, останува да се види, а се чека и одлуката на судската комисија, бидејќи досега се нема случено судијата да биде исклучен поради непослушност.


