Сугестии до Хан

Излезот од таканаречената политичка криза, господине Хан, не е во добрата волја на политичките лидери, туку е прашање на односот на силите меѓу Злото и Слободата. Притоа, битна е, можеби и пресудна, позицијата на меѓународната заедница: ако Брисел и Вашингтон застанат на страната на Злото, кризата нема да се реши затоа што Злото е идејно испумпано или можеби е поточно да се каже, препумпано од зло и од оттуѓени богатства, а ако се приклонат на страната на Слободата, кризата може да се реши, безмалку, преку ноќ. Расправата во Европскиот парламент и многу други реакции во последно време, вклучувајки го и вашето обраќање, даваа за право да веруваме дека таа дилеме веќе е решена.
Прекинете со штанцање на избалансирани извештаи, подгответе реален извештај. Престанете да им се обраќате на политичките лидери, тоа е најразводнувачката, алиби варијанта, барајте власта да постапи според извештајот на Прибе, а тоа значи да спроведе реформк кои ќе ја самодетронизираат. Или барајте да отстапи. Дури тогаш можеме да имаме услови за фер и демократски избори.
Вистина е дека има политички кризи кои се решаваат на избори, проблемог е во тоа што ние немаме политичка криза туку имаме успешен обид за киднапирање, силување, пљачкосување и усмртување на државата!
Ако веќе сакате да ја задоволите Македонија не ја рахцајте по здолништето, туку бркнете малку под него!

Фејсбук статус на Бранко Тричковски

Најнови вести

Најново од Ракурс