„Суташ“ го прекина откупот на млеко во Прилепско, сточарите загрижени

Од денеска млекарницата „Суташ“ го прекина откупот на млеко  во прилепскиот регион, јавуваат сточарите.

Од млекарницата  им било кажано дека причина за ваквиот потег е зголемениот број на бактерии во млекото според испитувањата на Агенцијата за храна и ветеринарство.

– Од таму не информираа дека нема да ни го земаат млекото следните 20 дена поради зголемен број на бактерии во испитаните проби од страна на АХВ – вели сточар од Кривогаштани и додава дека сите сточари – кооперанти на „Суташ“ се загрижени каде ќе го предаваат млекото.

– Бараме по другиве млекари да не примат ама сега има вишок и не знаеме што ќе биде – вели тој.

 

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести