Сведоци сме на пример за расклопување диктаторски режим на мирен начин

Јас ви тврдам дека она на што сме сведоци во последнава година е пример за расклопување диктаторски режим на мирен начин.

Баш тоа – РАСКЛОПУВАЊЕ РЕЖИМ. Не уривање.

 

Тој (режимот) ќе прави се’ што може за да го спречи процесот, вклучувајќи несоработка, опструкции, саботажи, минирања, подметнувања… Лек против тоа е упорноста и доследноста во зацртаната цел – да се демонтира режимот.

Последната карта ќе му биде провоцирање физички судир, опасен инцидент или поширок конфликт, зашто тогаш приоритет станува смирувањето на ситуацијата, а не спроверувањето на правдата. Такво нешто не смее да се дозволи, бидејќи му оди во корист само на режимот.

Затоа, воинствените опозиционери треба да си го смират малку адреналинот, со барањата за апсења овој или оној. Нашава ситуација не може да се реши брзо, а да биде мирно.

Јас сум за избраната варијанта – чекор по чекор, ама упорно и непопустливо. Со секој изминат ден стисокот на власта е се’ послаб. Пред две години немаше ни да разговараат за ништо од ова. Сега прават панични потези, со кои самите себе подлабоко се закопуваат. Ако не се направи грешка со некој непромислен чекор, ќе тонат се’ подлабоко.

„Отвори, отвори“, на Катица е пример како треба. Стопати ќе се каже, можеби и 200 пати доколку е неопходно, ама без повлекување. Еднаш ќе отворат. Исто со системите во УБК, исто со обвинувањата.

Спас за режимот е само ако прекине правната процедура. Затоа не смее да се дозволи тоа, само затоа што некои се малку нестрпливи.

Миодраг Мишолиќ  – Фејсбук статус

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести