СЗО: Земјите засега да продолжат да ја користат вакцината на АстраЗенека

Засега, земјите мора да продолжат да ја користат вакцината на АстраЗенека против Ковид-19, соопшти Светската здравствена организација, откако голем број земји престанаа да ја користат поради страв од згрутчување на крвта.

– Не сакаме луѓето да паничат и засега би препорачале земјите да продолжат да вакцинираат со АстраЗенека, изјави главната научничка на СЗО, Сумија Суминатан, на брифинг со новинарите.

– Засега не откривме поврзаност меѓу овие настани и вакцината, додаде таа. 

MИА

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести