Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, на почетокот на работите на Собранието на партијата, изјави дека тие се дел од ВЛЕН-от и дека ќе се обидат до крај да најдат решение.
Тој рече дека сите работи ќе бидат дискутирани внатре на состанокот и ќе се излезе со заеднички заклучок.
„Ќе се обидеме до крајот да најдеме решение заедно со ВЛЕН-от, ако не, имаме опција да одиме сами на избори“, рече Таравари.
Таравари изјави дека се сретнал со Изеет Мехити пред четири дена и дека вчера случајно се сретнал со Али Ахмети на состанокот со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај.
Тој рече дека, без разлика на политиките, сака да одржува контакти со секој албански и македонски политичар, освен со Димитар Апасиев од „Левица“. (Alsat)


