Таткото на убиецот во шок: Тој не е мојот син

Според српски infomer.rs  таткото на убицот од Младеновац  е во тешка психичка состојба и под надзор на полицијата, според неофицијални информации му се слошило кога дознал за масакрот и само повторувал „Тој не е мој син“.

Урош Б (21) е уапсен утрово кај Крагуевац после полициска акција.

Урош Б е осомничен дека синоќа во село Дубон кај Младеновац убил 8 и повредил 14 луѓе.Тој пукал од автоматска пушка и пиштол. Прво излегол на една позиција од автомобилот во кој се наоѓал и испукал рафал во група луѓе кои седеле околу логорки оган на пикник. Потоа го продолжил својот крвав пир. Се вратил во автомобилот дошол до друга позиција оддалечена неколку километри подалеку, излегол од автомобилот и пукал во четири лица кои местеле капија во дворот и на крај повторно седнал во автомобилот. Возел кон центарот на селото Дубон  и повторно пукал, овде убил две лица, полицаец кој во тој момент не бил на должност и неговата сестра. Убиецот потоа побегнал а над 600 полицајци беа во потрага по него.

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести