За ВМРО-ДПМНЕ на досега одржаните избори во изминативе десет години (од 2006-2016 година) во ИМ број 2011 во Теарце во просек гласале 57 граѓани (во распон од најмалку 37 до најмногу 70), а на овие 91. Значи, со „бугарскиот воз“ на 11.12.2016 на ова ИМ допатувале 34 „патници“… Ова се бројки, а математиката е егзактна наука.
Кога сме веќе кај математиката за СДСМ на ова ИМ досега во просек гласале 40 граѓани (во распон од најмалку 26 до најмногу 52). Значи, на 11.12.2016 година за СДСМ регуларно и по нивната слободно изразена воља гласале 87 граѓани од кои барем половината биле Албанци.
По оваа математика на повтореното гласање на 25.12.2016 година ВМРО-ДПМНЕ може да очекува меѓу 50-60 гласа. Реално. На потег се Албанците од ова ИМ 2011. Јас направив прецизна симулација по Д’Oнтовиот модел. Борбата е исклучиво меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ! Албанците од Теарце ДИРЕКТНО одлучуваат дали ќе остане 51:49 за ВМРО-ДПМНЕ или изборите ќе завршат со победа од 51:49 за СДСМ! Ниедна албанска партија во ИЕ 6 ниту губи ниту добива пратеник и на нив не им треба ниту 1 (еден) глас! Секој глас од Албанците за ДУИ, ДПА, Алијансата на Албанците и Беса ОДИ НА КОНТОТО на ВМРО-ДПМНЕ! Ајде, да видиме дали ДУИ и ДПА ќе му останат „верни до ГроП“ на Груевски и на неговиот братучед? Албанците од ИМ 2011 Теарце одлучуваат дали ќе падне или ќе остане на власт режимот на Груевски! ВМРО-ДПМНЕ овие денови ќе им нуди се и сешто (и двојазичност и кантонизација и федерализација, и социјална помош и вработувања, и зејтин и брашно и шеќер и дрва за огрев и „ќе им ги плаќа сметките за струја и ратите на кредитите“…), а СДСМ – ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА!
Фејсбук статус на Мирко Видоески


