Минимална победа од 111:109 постигнаа кошаркарите на Оклахома Сити во дуелот со Атланта одигран ноќеска. Тимот со најдобар биланс на „Запад“, Оклахома предводена од Кевин Дјурант до победата дојде со кошот постигнат на 1.5 секунди докрајот на натпреварот.
Дјурант дуелот го заврши со 41 поен. Во редовите на Атланта најефикасен беше Пол Милсап со 23 поени, а вкупно седум играчи имаа двоцифрен број поени.
На другите дуели беа постигнати следниве резултати: Филаделфија – Феникс 113:124, Бруклин – Торонто 103:104, Чикаго – Минесота 86:95, Милвоки – ЛА Клиперс 86:114 и Јута – Сакраменто 106:99.
Вечерва се играат натпреварите: Кливленд – Њу Орлеанс, Детроит – Орландо, Њујорк – Бостон, Хјустон – Сан Антонио, Портланд – Мемфис, Голден Стејт – Вашингтон и ЛА Лејкерс – Индијана.
Пласман Источна конференција: Индијана 34-9 (победи-порази), Мајами 32-12, Тороното 23-21, Атланта 23-21, Чикаго 22-22, Вашингон 21-22, Бруклин 20-23, Шарлот 19-27,…
Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 36-10, Сан Антонио 33-11, Портланд 33-12, ЛА Клиперс 32-15, Хјустон 29-17, Голден Стејт 27-18, Феникс 26-18, Далас 26-20.
]]>


