Тоа беше Иван механичарот, сите го знаевме: Ми го однесе детето, што ќе правам…

Каде е дедото сос овнето, ме прашаа од бугарска ТВ екипа, многу стории се направија за дедо Мице и баба Цана и нивното јагне, имам и јас своја!
Вечерта кога надоаѓаше водата и кога видов дека нивото веќе ги зафати прозорите на куќите околу дваесетина сантиметри и се зголемува, сватив дека мора да се пушти пат на водата, оградите од куќите се таложеа со слама и го спречуваа протокот, заради тоа се зголемуваше нивото.
Отрчав до багерот, влегов во него и му реков ЗАПАЛИ, СЕГА МИ ТРЕБАШ!… иако имав сосема нови акомулатори незнаев дали ќе запали поради долгото мирување, стиснав на копчето… запали, му реков СРЦЕ МОЕ и тргнав по патот по кој течеше голема вода, дождот истураше како никогаш до тогаш, едвај гледав, мојата улица не си ја познавав, дојдов до оградата на Мице, еден дел веќе беше паднат со корпата го подбрав останатиот и го откорнав, водата беше еден метар, продолжив право до неговата гаража, на ќошот од гаражата приметив човек кој едвај се спротивставуваше на брзата и силна вода, се доближив со багерот ја спуштив корпата во водата ја намалив нејзината брзина и му реков на човекот “качувај се”.
Се фати за држачите и се качи на скалите од багерот.
Тоа беше Иван механичарот, сите го познаваме.
Ми го однесе детето, ми рече…
-КОЕ ДЕТЕ прашав!
…. внук ми Иван на ќерка ми, не преврте водата со се тракторот има 12 години… ШТО ЌЕ ПРАВАМ!
Почнав да возам назад, од прозорот на Мице некој ми светкаше со со мала батериска лампа, помислив дека бараат помош, знам дека се сами и немоќни.
Скокнав од багерот и тргнав према прозорецот, пропаднав во некоја дупка, станав и дојдов до прозорот, тропам на него но не ми отвараат, го слушам гласот на Мице НЕСМЕАМ ДА ОТВОРАМ ЌЕ ВЛЕЗЕ ВОДАТА, отвори му реков, нема да влезе..
Ја слушам Цана НА КИПАЊЕ, НА КИПАЊЕ ОТВОРИ ГО.
Го отвори, живи ли сте прашав.
Да, рече Мице, погледнав низ отворот на прозорот, Цана со јагнето во скут седеше на наслонот од седмоседот, нозете и беа во вода која го имаше поплавено истиот.
Пак ќе дојдам реков, седете внатре, се качив во багерот и тргнав назад, кај што ја откорнав оградата течеше голема вода, кога навлегов во неа истата почна да ме носи со осум тонскиот багер, пропаднав во дупка во нивата до патот.
Скокај, му реков на Иван,го оставивме багерот, движејки се спротивно на текот на водата стигнавме пред мојата куќа.
Се јавив на 192 ,никако да добијам, после неколку обиди слушнав глас”ПОЛИЦИЈА”.
– Ваш колега Ласте се јавува, живеам на улица 5 во Стајковци патот за попово маало, има голема поплава, пред неколку минути водата однела 12 годишно момче, пратете служби за спасување и пребарување,немам батерија на телефонот…
Пријавено е рече дежурниот!
До разденување го баравме момчето со дедо му,црвена мајца, црвена мајца ми се повторуваше во главата, така било облечено момчето… нека ми прости што не успеав да го најдам, по три дена го пронашол неговиот татко!

Искрено сочувство за ненадоместливата загуба на семејството.

laste

– На Мице и Цана водата им уништи цела покуќнина, спијат на два душека и имаат четири кебиња кои ги добиле од донациите.
Дел од донацијата која ја добив од Австралија од мојот пријател Louie Mitrevski или поточно 200 долари донираме на нив!

Фејсбук статус на Ласте Митковски

laste2

 

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести