Канадскиот град Торонто нема да поднесува апликација за организирање на Летните олимписки игри во 2024 година. Оваа одлука е донесена по гласањето на Комисијата за економија на градот на седницата одржана вчеравечер.
Торонто на двапати поднесуваше апликација за добивање на организацијата, но не успеа да ги победи своите конкуренти. Во 1996 година Олимпијадата и беше доделена на Атланта (САД), тогаш канадскиот град заврши како третопласиран, додека на изборот за домаќин во 2008 година беше втор, а тогаш победи Пекинг (Кина).
Во историјата на Олимпизмот три канадски града биле домаќини на најголемите и најмасовните светски спортски настани: Монтреал (ЛОИ 1976 год.), Калгари (ЗОИ 1988 год.) и Ванкувер (ЗОИ 2010 год.).
Следните Зимски олимписки игри ќе се одржат во Сочи (Русија) следниот месец, додека летната Олимпијада е во 2016 година во Рио де Жанеиро (Бразил).
]]>


