Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, стрелецот на голот во натпреварот против Италија со кој „црвено-жолтите“ се пласираа во финалето на баражот за пласман на СП во Катар, Александар Трајковски и еден од најдобрите играчи во националниот тим, Енис Барди добија дипломатски пасоши.
– Тие се нашите најважни амбасадори во моментов и го заслужуваат пасошот, како одделен доказ за нивните успеси. Им посакувам успех и во Португалија – истакна Бујар Османи, министер за надворешни работи.
Македонската репрезентација утре заминува за Порто, каде во вторник од 20:45 часот на „Драгао“ ја очекува пресметката со Португалија за место на Мундијалот во Катар.
]]>


