Трамп ги одложи нападите врз иранските енергетски објекти по „добри разговори“ со Техеран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД и Иран изминатиот викенд имале „продуктивни разговори“ поради кои одлучил да ги одложи планираните воени напади врз иранските енергетски објекти за пет дена. Претходно, Трамп се закани дека ќе ги нападне иранските електрани доколку Техеран не овозможи целосно отворање на Ормускиот Теснец до денес.

Ситуацијата на Блискиот Исток е се уште тензична откако Иран се закани дека ќе постави мини и целосно ќе го блокира Персискиот Залив доколку биде нападнато иранското крајбрејже или острови, пренесуваат државните медиуми.

Според последните информации, бројката на загинати во Иран и Либан од почетокот на судирите достигна неколку илјади. Нападите низ регионот продолжија и утринава. Иранските медиуми јавуваат за нови напади во Техеран, додека Саудиска Арабија пресретнала две балистички ракети насочени кон Ријад.

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести