Трамп по средбата за судбината на Украина: Зеленски, немаш избор, мора да попуштиш!

Европските и светските лидери денеска се собраа во Велика Британија на итен состанок што го свика премиерот на таа земја Кир Стармер по кавгата меѓу Володимир Зеленски и Доналд Трамп во Вашингтон. Главни теми на средбата биле ситуацијата во Украина и безбедноста на Европа, објави српски Ало.

Доналд Трамп се огласи на својата социјална мрежа „Truth Social“во време кога во Лондон се одржуваше самит на кој се крои судбината на Украина и се прават планови за зајакнување на европската безбедност.

Сега Зеленски нема да има друг избор освен да попушти и да ги прифати условите на Трамп. Но, тука е генијалниот дел – Трамп всушност ја штити Украина без да ги вовлече САД во војна.

Најчитани вести