„Верувам дека на Економско – социјалниот совет предлогот ќе биде прифатен од сите социјални партнери. Кога имаме конструктивен дијалог на ЕСС, секогаш доаѓаме до решение кое е најдобро за сите вклучени страни. Буџетот е во добра кондиција и секое предложено решение ќе биде поткрепено со финансии“, рече министерката Тренчевска.
Министерката Тренчевска посочи дека барањето на Сојузот на синдикатите кое го поддржуваат и другите синдикати, е реално бидејќи е согласно трошоците на живот и потрошувачката кошничка.
Синдикатите бараат 18.000 денари минимална плата или 62% од просечната плата. Организацијата на работодавачи бара донесување на минимална плата со 50% од просечната плата, Бизнис конфедерацијата на Македонија предлага обезбедување на финансиска помош за исплата на минималната плата од буџетот на РСМ.
]]>


