Тренерот на Фулам Рене Мојленстин јавно им се извини на навивачите на клубот по тешкиот пораз на вчерашното гостување кај Хал со 6:0.
– Сакам да им се извинам на нашите навивачи, пред се на оние кои дојдоа да не бодрат на гостувањето кое за нас беше многу непријатно. Не очекував вака висок пораз по добриот резултат со Норвич во претходната рунда. Секогаш е тешко кога ќе се изгуби, но пораз на ваков начин е уште потежок за секој професионалец. Мораме да реагираме на вистински начин веќе на наредната средба со Вест Хем, истакна холандскиот стручњак.
Фулам по вчерашниот пораз во 19.коло, остана на 18.место на табелата во Премиер лигата, позиција која значи испаѓање од најквалитетната англиска фудбалска лига.


