Трет пораз за Фенербахче во ТОП 16 од Евролигата

Тимот за кој настапува македонскиот кошаркарски репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб синоќа го претрпе третиот пораз во Е групата од ТОП 16 фазата на Евролигата. Фенербахче Улкер загуби убедливо на гостувањето кај Малага, иако во последните три минити се влезе со нерешен резултат.

Дербито во Ф групата одиграно во Белград му припадна на Партизан кој минимално ја победи ЦСКА Москва.

Резултати на натпреварите од 3.коло во двете групи и табели:

Е група: Уникаха – Фенербахче Улкер 89:75, Армани Милано – Лаборал 83:76, Панатинаикос – Анадолу Ефес 78:64, Олимпијакос – Барселона 72:81.

Табела Е група: Барселона 3-0 (победи-порази), Панатинаикос 3-0, Армани 2-1, Уникаха 2-1, Лаборал 1-2, Олимпијакос 1-2, Фенербахче Улкер 0-3, Анадолу Ефес 0-3.

Ф група: Партизан – ЦСКА Москва 73:72, Жалгирис – Макаби 78:87, Галатасарај – Локомотив Кубан 62:63, Реал Мадрид – Баерн Минхен 111:87.

Табела Ф група: Реал Мадрид 3-0 (победи-порази), Макаби 3-0, ЦСКА Москва 2-1, Баерн Минхен 2-1, Локомотив Кубан 1-2, Партизан 1-2, Галатасарај 0-3 и Жалгирис 0-3.

]]>

Најчитани вести