Три хороскопски знаци кои секогаш се заљубуваат во погрешна личност

Некои луѓе како да имаат невидлив радар, наместо да ги води кон стабилност и безбедност, тој постојано ги влече кон оние кои не се добри за нив. Се заљубуваат во недостапни, комплицирани, емоционално затворени или едноставно погрешни луѓе. Иако често завршуваат повредени, тие повторно одат по истиот пат. Зошто? Затоа што чувствуваат силно, длабоко и искрено, без сигурносна мрежа.

Овие три хороскопски знаци се познати по тоа што нивното срце често им го „прегазува“ разумот и завршуваат во врски што повеќе болат отколку што ги исполнуваат.

Риби

Рибите сонуваат за љубов на прв поглед. Тие идеализираат, замислуваат сценарија и се убедени дека зад секоја ладна личност стои нежно срце кое само треба да се спаси. Поради ова, тие често запаѓаат во врски кои се еднострани, во кои даваат премногу, а добиваат премалку. Нивното сочувство се претвора во емоционална исцрпеност. Сепак, Рибите ретко учат од првиот пат и често го повторуваат истиот циклус надевајќи се на поинаков крај.

Рак

Раковите длабоко копнеат по поврзување, па затоа лесно се врзуваат емоционално за личност која само повремено им возвраќа внимание. Нивната потреба за „негување“ може да ги доведе до врски каде што се трудат премногу, дури и кога другата страна не вложува ништо. Ракот не се откажува лесно затоа што верува во моќта на љубовта, но често ги избира оние кои не знаат како да ја ценат.

Стрелец

Иако Стрелците  се чини дека лесно не се поврзуваат, кога ќе се заљубат, тоа е огнено, ненадејно и без кочници. Затоа често избираат луѓе кои не се како нив – емоционално оддалечени, непредвидливи или оние кои не сакаат обврски. Парадоксот е во тоа што Стрелците често бегаат од стабилноста, а потоа страдаат кога не ја добиваат. Предизвикот на љубовта е неодолив за нив, дури и кога знаат дека ќе боли.

Најчитани вести