Лекарската фела пропушти да ја спаси Македонија од него, но сега има шанса него да го спаси од Македонија: потребна е неодложна дијагноза и јасни препораки и директиви за постапување во такви ситуации!
Денешните слики од собранието се непобитен доказ дека човекот не е повеќе во состојба да ја обавува својата функција и да се конфронтира на ожесточената јавна сцена, а да не го загрози на драматичен начин своето здравје и својот живот! Со недвосмислен ризик да предизвика дополнителни штети и врз општествениот, односно врз државниот организам!
Ние сме цивилизирана земја, сепак, и не смееме да дозволиме без адекватни стручни и морални реакции да гледаме како пред сите нас се топи еден живот. Тоа што тој самиот е виновен за тоа не не ослободува од обврската да му помогнеме колку можеме. И поради неговото семејство и поради тоа што како држава го очекуваме неговото присуство во еден транспарентен и праведен процес кој ќе ни поногне да си одговориме на клучното прашање: како, пред да го спасиме него, успеавме да се убиеме самите себе!
Фејсбук статус на Бранко Тричковски


