Тричковски: За Македонецот ВМРО е морфин и историски карцином – истовремено!

Режимот невините ги избира за мачење зашто розевите апчиња го тераат Надвојводата Шарло да мисли дека при растурањето на државата луѓето треба да страдаат на ист начин како што некои страдале при нејзиното создавање! Во поделбата што ја врши режијата на чипираните идиоти, на Кежаровски му е одредена улогата на некој вмровец кој меѓу 1948 и 1952 четири години чукал камења на Голи оток. Бошкоски е современа инкарнација на некој невин или „невин“ страдалник од времето на Информбирото или на Богдановски. Мислам дека се одбрани и мачениците што ќе ни ги доловат танталите на Ченто и на Брашнаров, но полека, ова е претстава во 1001 чин!

Бесправната или антиправната суштина на процесот против Томислав Кежаровски – како впрочем и против четири петини од обвинетите и осудените во изминативе осум години – не е грeшка на власта, туку систем кој се базира – освен на фиксацијата што ја споменавме на почетокот на текстов – и на идејата дека моќта да се врши бесправно насилство е неспоредливо пострашна од најстрогата правна строгост!

Тоа е аспект на таканаречениот историски реваншизам во кој пред да ја суредат државата сегашните властодршци ќе ги принудат старите да се покајат што ја формирале. Ги маваат и ги пцујат, обвинувајќи ги за тоа дека дале премногу причини власта да си ги валка рацете така што ќе ги тепа.

Македонскиот идиотизам не може да достигне повисоки форми, ама тоа е!

Сакам да кажам дека волшебната пресуда за Кежаровски произведена како правен и како политички феномен дури е во секундарен план; таа е, пред сè, медицинско прашање и не е, односно не е само, внатрешно прашање на Македонија, туку е европско, па ако сакате и светско прашање!!!

Критичниот дел од тоа што беше нација и колку-толку слободен граѓански корпус, под дејството на длабоката партиско-политичка и идеолошка хипноза е прероден во аморфна маса која шета или ја шетаат меѓу бројните пиволенди, пастрмајлијади и вински фестивали, на кои преку тешки алкохолни труења и ритуални екстази во ритамот на разни Цецалукаси и Психомодо попови, архиепископи и други лопови, го достигнува тоа што во поглед на националната еманципација и на обичната човечка среќа, не така одамна и го обезбедуваше отфрлениот систем на проколнатите политички и, особено, културно-медиумските институции на бившата држава заедно со социјалната сигурност на загарантираното работно место!

Што е Македонецот денес?! Тоа е човек кој сонува да се разбуди порано за да фати ред пред пунктовите на кои се делат визи за камените и други мостови на кои ќе му дадат да се накрка! Ако, притоа, успее да набута некој колбас во левата чорапа, под шлицот, или дури во газот, ако излезната контрола е премногу ригорозна, тогаш тој се претвора во Македонец кој во остатокот на денот е спремен да не го дава името и да го брани идентитетот до последната кригла „скопско“! И да гласа за вемерето затоа што Внатрешната антимакедонска контрареволуционерна инсталација го има научено да не се срами кога начукан од бесплатно вино на плоштадот „Македонија“ ќе повраќа во фонтаната на својот најголем од сите големи цареви, под нозете, значи, на Александар Сашо, не Мијалков, туку Македонски, затоа што власта му сугерира дека не му е од виното туку од што му се гади од непринципиелните, антимакедонски позиции на Грција, на Бугарија, на Србија, на Албанија, на старата курва со седиште во Брисел и на целиот ебан свет!

Кога, почитувани читатели, Македонецот имал поголема слобода од оваа: човекот лапа, се напива, се исповратува и на крајот се вклучува во познатата телевизиска бурекџилчница и почнува да се занимава со највисоките државни и глобални, глобални, еј, теми на нивото на најслободните од сите слободни гомнојадства!

Го боли курот за Славко Јаневски, за јазикот, за филмот, за правниот поредок, за институционалната строгост, за поделбата на власта, и за слични суштини, во крајна линија и за Македонија, освен ако не му е сугерирано дека може малку или малку повеќе да ги плукне!

 

Прочитајте го целиот став на Бранко Тричковски на следниот линк!

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести