Тринаесетта победа во низа за Реал во Евролигата

Кошаркарите на Реал Мадрид продолжуваат со убедливите настапи во Евролигата. Тие синоќа во првиот дуел од 3.коло во ТОП 16 фазата го совладаа Баерн Минхен со 111:87 и ја продолжија победничката серија која трае 13 натпревари.

Другите седум дуели од овој круг ќе бидат одигран денеска и утре. Двојки и табели:

Е група: (денес) Олимпијакос – Барселона; (утре) Уникаха – Фенербахче Улкер, Армани Милано – Лаборал и Панатинаикос – Анадолу Ефес.

Табела Е група: Панатинаикос 2-0 (победи-порази), Барселона 2-0, Армани 1-1, Лаборал 1-1, Уникаха 1-1, Олимпијакос 1-1, Фенербахче 0-2, Анадолу 0-2.

Ф група: Реал Мадрид – Баерн Минхен 111:87; (денес) Жалгирис – Макаби и Галатасарај – Локомотив Кубан; (утре) Партизан – ЦСКА Москва.

Табела Ф група: Реал Мадрид 3-0 (победи-порази), ЦСКА Москва 2-0, Макаби 2-0, Баерн Минхен 2-1, Галатасарај 0-2, Локомотив Кубан 0-2, Партизан 0-2 и Жалгирис 0-2.

]]>

Најчитани вести