Трипуновски: Договорот помеѓу земјоделците и откупувачите донесе околу 30 милиони евра во Струмичкиот регион од извозот на пролетната зелка

Успеавме цената на пролетната зелка да не падне под 35 денари, одосно целиот откуп да заврши со просек од 43 денари за килограм што е фантастична цена, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој денеска го посети откупниот пункт на „МН Компани“ во село Моноспитово, во Општина Босилово.

Трипуновски посочи дека досега се извезени 35 илјади тони и оти оваа реколта ќе заврши со околу 40 илјади тони очекуван, што значи дека од извозот а пролетната зелка во Струмичкиот регион ќе влезат околу 30 милиони евра. 

Според министерот Трипуновски, договорот помеѓу откупувачите и земјоделците покажал успешни резултати. Трипуновски искажа голема благодарност до земјоделците кои ги следеле насоките на Министерството и исто така и најголем дел од откупувачите со кои заедничка на иста маса ги договарале политиките во делот на откуп на овој земјоделски производ.

Министерот додаде дека ова е уште еден успешен пример кога се игра тимски, кога се настапува заеднички, успехот е неминовен, односно, како што рече, „имаме насмеани лица на земјоделците и ова значи дека имаме сигурен прилив кај оваа категорија земјоделци и се подготвени за втората реколта којашто треба да се подготвува за наредниот период“. 

МИА

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести