Трпкова: Секој оној кој тврди дека му е грижа за народот и таковината треба да…

…за симптомите на вистината од актерска гледна точка

СТРАСТ, сушење уста, жар во очи, трепет, потисната возбуда, смртна сериозност, бледеење, возбуда која сака да излезе како вулкан, а не ѝ даваш. Симптоми кои сами по себе ги нема во ОМРАЗАТА! А се препознатливи кај човек кој е видно возбуден зашто тоа што го говори го засега длабоко и лично. Видовме во последниве месеци неколку такви настапи.
– Радмила Шеќеринска
– Јани Макрадули
– Митре Вељановски
– Саше Политико
Знаете точно за кои обраќања се работи, да не наведувам детали. Таа енергија ја очекувам од секој оној кој тврди дека му е грижа за народот и таковината. Тогаш говорот станува спонтан и различен од оној што сме навиканти да го гледаме…Тие што цепаат омраза – немаат ваков капацитет, како наведениот горе, тие се всушност НЕЕМОТИВНИ зомби, со „ладни“ глави. За еден скромен наставник по игра пред камера, како мене, наброените примери или се одлични актери (што не е лошо) или говореле вистина што ги засега длабоко!

Се извинувам однапред што вака ги наредив личностите и може некој од нив ќе се најде навреден дека е во група со некого што не го смета за човек. Јас ги издвојувам нивните настапите со мое око видени… Требаше да видите како Буден и Жилник вчера и завчера АНГАЖИРАНО говорат за сите теми што НЕ засегаат. Секако дека не треба да се цивка, плаче и дере со секој настап, но треба бар да се види АНГАЖИРАНОСТА. Секако ова важи доколку се сложуваме дека ни гори под нозе… доколку не – можеме фино и шармантно да си продолжиме со дебатите како со мезе.

Бриф.мк избор: Фејсбук статус на Синоличка Трпкова

Најнови вести

Најново од Ракурс, Топ Вести

Најчитани вести