Пред некоја година неколку упорни кинези од селото Xiayangzhang станаа светска вест откако одбија на кинеските власти даим ја продадат куќата преку која требаше да поминува автопат.
Причината поради која не сакаа да ја продадат куќата беше ниската цена која им ја понудиле и која била помала од вредноста на куќата.
Набрзо потоа градската власт почнала да им ја исклучува водата и струјата, а некое време петокатницата стоела на средина на автопатот. Притисоците од власта и минимално покачената цена на крајот сепак вродиле со плод – куќата е до темел срушена.

Оваа фамилија не била единствената која се спротиставила на кинеските моќници. Имало уште вакви примери но резултатот секогаш бил ист – власта победувала.


