Три лица се повредени ноќеска оклу 3 часот во тешка сообраќајка во близина на стадионот на Црвена Ѕвезда во Белград, а прва на помош им притрчала популарната пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, пред чија куќа се случила несреќата. Сообраќајката се случила откако Фолксваген поло удрил во бандера покрај патот. По силниот удар, луѓето кои живеат во околината истрчале да видат што се случило, а меѓу првите била и Цеца, која живее во непосредна близина. Повредените, за среќа, не се во животна опасност.


