Кошаркарите на Црвена Звезда остварија нова победа во АБА лигата откако вечерва во рамките на 19. коло пред своите навивачи го победија Будуќност со 74:64. Со овој триумф „црвено-белите“ со вкупно 16 победи се зацврстија на првото место на табелата. На вториот натпревар одигран денеска Олимпија – Игокеа 62:66.
На вчера одиграните натпревари МЗТ Скопје Аеродром ја победи Мега Визура со 80:72, а на другите дуели беа постигнати следниве резултати: Раднички – Шолнок 82:91, Широки – Цедевита 68:73 и Задар – Крка 55:57.
Последниот натпревар од оваа рунда Цибона – Партизан се игра во вторник.
Табела: Црвена Звезда 16-3 (победи-порази), Цедевита 14-5, Партизан 13-5, Цибона 12-6, Будуќност 12-7, Игокеа 11-8, МЗТ Скопје Аеродром 9-10, Крка 8-11, Олимпија 7-12, Мега Визура 7-12, Раднички 7-12, Шолнок 6-13, Широки 5-14, Задар 5-14.
]]>


