Кошаркарите на Црвена звезда во дербито на 15.коло од АБА лигата синоќа ја совладаа Игокеа со убедливи 93:59 и по ова коло ќе бидат осамени на првата позиција на табелата. Цибона по двата пораза оствари победа над Олимпија на домашен терен со 83:71. Минимални победи на гости остварија Цедевита над Крка (65:64) и Раднички над Широки (81:79).
МЗТ Скопје Аеродром во петокот во Скопје го победи Шолнок со 73:63. Денеска играат Задар и Будуќност, а утре на програмата е дуелот Мега Визура – Партизан.
Табела: Црвена Звезда 12-3 (победи-порази), Цедевита 11-4, Партизан 10-4, Цибона 9-6, Будуќност 9-5, Игокеа 8-7, МЗТ Скопје Аеродром 7-8, Крка 6-9, Раднички 6-9, Мега Визура 6-8, Олимпија 5-10, Шолнок 5-10, Широки 4-11 и Задар 5-9.
]]>


