Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска во рамки на планираните и координирани активности од проектот 112, важен за државата за кризен менаџмент и за ускладување на кризниот менаџмент и со Европската Унија одржан е првиот работен состанок со вработени од ЦУК, преку видео – конференциска интернет врска учествуваа и претставниците на Унгарската компанија, што е соработник за контрола и имплементација избрани од ЕУ.
Состанокот го отворил Стојанче Ангелов, в. д. директор на ЦУК нагласувајќи дека станува збор за значаен 112 проект што е комплексна задача што претстои во наредниот период и треба да биде усогласена со останатите клучни субјекти и соработници од Системот за управувасње со кризи (ЦУК) вклучени во 112. Според него, како што стои во соопштението од ЦУК, особено внимание е потребно на примарното внатрешно организационо рационално ползување и организирање на човечките ресурси кои имаат и големо искуство во ваквата работа што Центарот во сегашен облик на работа од „24/7“ преку своите регионални центри ја извршува на територијата на целата наша држава (преку сегашниот број 195).
– Деталите од задачите на состанокот беа презентирани од претставниците на Унгарската компанија соработник за контрола и имплементација (Bonumstrat Consulting) што е избрана од страна на Европската Унија на јавен меѓународен тендер за контролор и имплементатор на овој значаен проект за државата. Во насока на конкретизација на проектот, Центарот за управување со кризи е орган на државната управа, надлежен да го воспостави единствениот комуникациско-информативен систем со единствен број на повикување во случај на ризици, опасности и други несреќи на целата териоторија на Републиката, Е-112., стои меѓу другото во соопштението од ЦУК.
Покрај запознавање со започнатата имплементација, се наведува во соопштението, со сите присутни бил одржан и работен состанок за задачите на вработените кои ќе учествуваат во формирање на новиот Сектор -112, како што се изработка на предлог текстот за „Стандардни оперативни процедури за постапување на вработените приматели на повици на телефонскиот број 112“.
– Станува збор за комплексна задача што претстои во наредниот период и која треба да биде усогласена со останатите клучни субјекти и соработници од Системот за управувасње со кризи (ЦУК) вклучени во 112 како Полицијата со нивниот број за итни повици – 192, Итната медицинска помош со бројот – 194 и Територијалните единици за противпожарна заштита – 193. Стандардните оперативни процедури треба да помогнат во целосното и детално регулирање на процесот на постапување на примателите на повици на телефонскиот број 112 во сите можни случаи на појавени ризици или опасности, во координација со чинителите во Системот за управување со кризи, појаснуваат во соопштението од ЦУК.
MИА
]]>


