Со активирање на економските промотори и склучување повеќе конкретни договори за извоз на домати во Руската Федерација ќе се реши проблемот со пласманот на домашните домати. На средбата со градинарите во Таринци, министерот за земјоделство Михаил Цветков нагласи дека рускиот пазар бара исклучително квалитетен производ, но цената е поволна и надминува 20 денари за килограм.
Преку Платежната агенција со две мерки ќе се обезбеди дополнително субвенционирање на градинарите, а ќе бидат поддржани и извозниците. Цветков смета дека увозот на 88 тони домати од Албанија не е причина за проблемот со пласманот, туку тоа е доцнењето за 20 дена со производството поради лошото време, што резултираше со зголемена конкуренција на странскиот пазар.
Дел од вишокот домати со послаб квалитет ќе бидат преработени од домашната конзервна индустрија.
Извор: МТВ


