Цветков: Владата ќе ги финансира новите фарми и целосно ке ги обештети поплавените

За пелагониските фармери стигнаа охрабрувачки вести од министерот Цветков.  При денешната посета на сточарите во Могила, ресорниот министер за земјоделство , покрај најавите за помош и повеќе мерки на Владата , потврди дека наскоро ќе се реализира целосно обештетување од поплавите.

Штетите од поплавите во цела Македонија, стопроцентно ќе бидат исплатени, што мислам дека тоа е и наша обврска на Државата, да помогнеме на оној дел кој е и најзагрозен и каде што профитот е најмал – рече министерот за земјоделство Михаил Цветков.

Цветков најави и други мерки за сточарите со владините политики, а наскоро со промена на законот, заради зголемување на бројот на краварски фарми, Владата ќе обезбеди средства за кофинансирање до 90 проценти на капиталните објекти.

Планираме, Државата до 90% да ги кофинансира овие објекти, а понатаму на земјоделецот т.е. фармерот понадаму да му остане и да си ја работи. Во тој правец, ќе има повеќе извори на средства – рече Цветков.

Во наредните четири години, Владата годишно ќе одвојува по 150 милиони евра за субвенции, од кои педесет милиони ќе бидат наменети за рурален развој и отворање нови сточарски капацитети, рече министерот Цветков.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести