На страницата „Podgoricki vremeplov“ на Инстаграм објавена е фотографија од змија во мрежа за која се тврди дека е „извадена од морето во Сутоморе“.
Авторите на сајтот ги прашале корисниците дали можеби знаат за каква змија се работи.
Еден од корисниците на Инстаграм одговорил дека латинско име ѝ е „Natrix tessellata“, додавајќи дека станува збор за „вид на смок што најверојатно залутал во морето од некоја река“.


