Убиство во Велес

43 годишниот Тоше Коцев од Велес е убиен денеска пред својот дом во близина на плоштадот Којник.

Со неколку истрели од пиштол во него пукал човек, за кој полицијата тврди дека е уапсен, но не го открива неговиот идентитет. Убиството се случило денеска околу 14 часот. Коцев е донесен во болница жив, но четириесетина минути по инцидентот, починал.

Увидот на местото на убиството траеше пет часа, но и по неговото завршување, полицијата не соопштува детали. Велешката чаршија раскажува дека Коцев и неговиот убиец биле пријатели и цела ноќ ја поминале заедно. Зошто се пресметале на ваков начин – никој не знае. Соседите слушнале истрели и го виделе Коцев пред влезот на домот облеан во крв, а неговиот убиец над него со пиштол в рака. Полицијата го уапсила без отпор.

Оттаму за утре најавија повеќе информации.

Најнови вести

Најново од Uncategorized

Најчитани вести