Околу 120 илјади денари штета претпел С.Б.(60) од тетовското село Радиовце откако вчера околу 23 часот непознати лица извршиле тешка кражба на накит „Сваровски“ и поголема количина девизи во неговата куќа.
– Непознатите лица го искористиле моментот додека домашните не биле во куќата и откако влегле во дворот насилно ја отвориле балконската врата по што од фиока на комода во спалната соба одзеле комплет накит Сваровски а потоа од подрумот што бил адаптиран како дневна соба одзеле 1.000 швајцарски франци, 500 американски долари, 200 дански круни и 800 денари, изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Потоа незабележани од никого непознатите избегале во непознат правец. Полицијата работи на откривање на сторителите, рече Јосифовски.


